Posts

Потекло на името на градот Прилеп

Image
                                     Потекло на името До почетокот на XI век за Прилеп нема податоци од пишани извори. Првиот запис за градот бил забележан два пати во Кратката историја (грчки: Σύνοψις Ἱστοριῶν) на Јован Скилица, и тоа во последните денови од животот на цар Самоил, октомври 1014 г. и непосредно пред неговата смрт, како тврдина Πρίλαπον.Името е споменувано и во византиските пишани извори од XI век, во записот на византискиот цар Василиј II за правата на Охридската архиепископија. Прилеп е споменуван и во словенските извори од XIV век: Иако првиот запис е од 1014, со сигурност може да се каже дека името на  градот постоело и претходно. Постојат повеќе претпоставки за потеклото на името на градот Прилеп. Хрватскиот лингвист Петар Скок ја споменува лексемата lijep, која имала две значења: 1. Тоа што се примило (прилепило) за нешто; 2. Блато, најчесто кал помешана со плева што...

Култура во Прилеп

Image
                                                                    Култура Институт за старословенска култура - ИСК генерално се занимава со етногенезета на старите Словени, преку истражувањата на археолозите, историчарите на уметност, етнолозите, лингвистичарите и други помошни историски науки. Формиран е како Центар за истражување на старословенската култура при Музејот на град Прилеп, а во 1980 година се осамостојува како институција од научен карактер. Негов основач е тогашниот директор на Музејот на град Прилеп - проф. д-р. Бошко Бабиќ, а подоцна и негов директор од 1980 година.Центар за современа ликовна уметност (ЦСЛУ) - Уметничка колонија, којашто секоја година (во летниот период во месеците јули и свгуст) се одржува во центарот на градот Прилеп, за време на Прилепското културно лето. Основана е во 1957 година,...

Средновековна историја на градот Прилеп

Image
                                                           Средновековна историја   Денешната местоположба на градот Прилеп потекнува од раниот среден век, кога Прилеп бил многу важен трговски и воено-стратегиски град. Токму во градот Прилеп, по катастрофалниот пораз на самoиловата војска во Беласичката битка, 1014 година, кога ги видел своите ослепени војници, царот Самоил починал од срцев удар.По смртта на Самоил градот потпаднал под византиска власт. Во 1041 година византискиот цар Михаил IV Пафлагонецот го задушил востанието на Петар Делјан, а локалниот војвода Мануил Ивац се обидел да ја запре византиската војска кај прилепскиот Плетвар со дрвена палисада, но без успех. Добромир Хрс и неговиот дедо, Мануил Камица, го зазеле Прилеп, но во 1202 Алексиј III повторно ја освоил тврдината. Низ XIII век Прилеп преминува постојано во рац...