Средновековна историја на градот Прилеп

                                                        Средновековна историја

 Денешната местоположба на градот Прилеп потекнува од раниот среден век, кога Прилеп бил многу важен трговски и воено-стратегиски град. Токму во градот Прилеп, по катастрофалниот пораз на самoиловата војска во Беласичката битка, 1014 година, кога ги видел своите ослепени војници, царот Самоил починал од срцев удар.По смртта на Самоил градот потпаднал под византиска власт. Во 1041 година византискиот цар Михаил IV Пафлагонецот го задушил востанието на Петар Делјан, а локалниот војвода Мануил Ивац се обидел да ја запре византиската војска кај прилепскиот Плетвар со дрвена палисада, но без успех. Добромир Хрс и неговиот дедо, Мануил Камица, го зазеле Прилеп, но во 1202 Алексиј III повторно ја освоил тврдината.Низ XIII век Прилеп преминува постојано во рацете на новите господари — двапати на деспотите од Епир, двапати на Бугарија, еднаш на царот од Никеја. Најпрво, бугарскиот цар Калојан ја искористил искористил ситуацијата што настанала во Византија со доаѓањето на крстоносците пред Цариград и во 1203 година ja освоил Северна и голем дел од Западна Македонија, меѓу кои и градот Прилеп. По смртта на Калојан во 1207, како негов господар се јавува властелинот Стрез, кој владеел до неговата смрт во 1214 година. Потоа, Прилеп како и некои други градови во Западна Македонија биле освоени од деспотот на Епир, Теодор Комнен (1214-1224). По битката кај Клокотница во 1230 година, помеѓу бугарската и епирската војска, Прилеп потпаѓа под власта на бугарскиот цар Иван Асен II. По смртта на Иван Асен, на бугарскиот престол доаѓа неговиот малолетен син, Калиман I Асен, па Прилеп повторно бил завземен од епирскиот деспот Михаил Ангел II, сe до 1254 година, кога градот преминал под никејска власт т.е. под возобновената Византиска империја.



Comments

Popular posts from this blog

Потекло на името на градот Прилеп

Култура во Прилеп