Култура во Прилеп

                                                                   Култура

Институт за старословенска култура - ИСК генерално се занимава со етногенезета на старите Словени, преку истражувањата на археолозите, историчарите на уметност, етнолозите, лингвистичарите и други помошни историски науки. Формиран е како Центар за истражување на старословенската култура при Музејот на град Прилеп, а во 1980 година се осамостојува како институција од научен карактер. Негов основач е тогашниот директор на Музејот на град Прилеп - проф. д-р. Бошко Бабиќ, а подоцна и негов директор од 1980 година.Центар за современа ликовна уметност (ЦСЛУ) - Уметничка колонија, којашто секоја година (во летниот период во месеците јули и свгуст) се одржува во центарот на градот Прилеп, за време на Прилепското културно лето. Основана е во 1957 година, од страна на историчарот на уметност и археолог - проф. д-р. Бошко Бабиќ (директор на ЦСЛУ до 1981 година, а потоа и нејзин доживотен почесен претседател), по негова иницијатива и исто така по иницијатива на неговиот пријател и долгогодишен соработник на ЦСЛУ - академскиот сликар Ристо Лозановски. Уметничката колонија е една од најстарите во Југоисточна Европа, а е најстара на Балканот. Секоја година, се одржуваат, редовни четири работилници: „Интернационалната сликарска колонија (започната 1957 г.), „Интернационален вајарски симпозиум „Мермер" (1963 г.), „Интернационално студио за пластика во дрво (1971) и Интернационално ателје за скулптура во метал (1984). Периодично се одржуваат и други работилници, како: „Уметничка Фотографија, Керамика, Витраж, Мозаик, Графика, а од 2005 година и „Студиото за пластика во пластика, основано по инцијатива на директорот на ЦСЛУ Диме Јанески (на функција од 1981 година


Comments

Popular posts from this blog

Потекло на името на градот Прилеп

Средновековна историја на градот Прилеп