Потекло на името на градот Прилеп
Потекло на името До почетокот на XI век за Прилеп нема податоци од пишани извори. Првиот запис за градот бил забележан два пати во Кратката историја (грчки: Σύνοψις Ἱστοριῶν) на Јован Скилица, и тоа во последните денови од животот на цар Самоил, октомври 1014 г. и непосредно пред неговата смрт, како тврдина Πρίλαπον.Името е споменувано и во византиските пишани извори од XI век, во записот на византискиот цар Василиј II за правата на Охридската архиепископија. Прилеп е споменуван и во словенските извори од XIV век: Иако првиот запис е од 1014, со сигурност може да се каже дека името на градот постоело и претходно. Постојат повеќе претпоставки за потеклото на името на градот Прилеп. Хрватскиот лингвист Петар Скок ја споменува лексемата lijep, која имала две значења: 1. Тоа што се примило (прилепило) за нешто; 2. Блато, најчесто кал помешана со плева што...